Диего Симеоне во зимскиот преоден рок сака да ги реши проблемите во нападот со кои се соочува неговиот тим.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Атлетико Мадрид на 18 натпревари во Ла Лига постигна само 20 голови, па Аргентинецот тргна во потрага по решение.
Неколку имиња се веќе во игра, а како еден од потенцијалните фудбалери кои може да пристигне во Атлетико е Едисон Кавани на кого во јули му истекува договорот со „јорганџиите“.
Се пишуваше дека Атлетико тогаш може бесплатно да го доведе Кавани, меѓутоа Атлетико има проблем и сака да ја подобри ефикасноста уште во јануари.
Поради тоа Симеоне мора да размислува и за алтернативни решение и според последните информации една таква опција Сендрик Бакамбу кој игра во Кина. Бакамбу во 2018 година од Виљареал се пресели во Синобо Гуаон за 40 милиони евра и оваа сезона на 26 натпревари постигна 16 голови.
Освен интересот од Атлетико, наводно и фудбалерот има желба да се врати во Шпанија.
Jika gagal menggaet Edinson Cavani dari PSG bulan Januari nanti, Atletico bakal memburu Cedric Bakambu yang sekarang main di Zhongguo.https://t.co/EOBfm9ZjW5 [MD]
— footballisme (@footballisme) December 30, 2019