Дома Македонски спорт Ако некој понуди 25 милиони евра Наполи ќе го продаде Елмас?

Ако некој понуди 25 милиони евра Наполи ќе го продаде Елмас?

Ако му веруваме на еден од најпознатите новинари во Неапол, Емануеле Камарото Елиф Елмас летово би можел да го напушти Наполи.

Камарото посочува дкеа Наполи летовото сериозно ќе размисли за продажба на Елмас ако во клубот пристигне понуда од 25 милиони евра. Во претходниот преооден рок Борусија Дортмунд, Борусија Менхгладбах, Лидс и Бенфика испратија официјални понуди со таа сума, но тогаш тие беа одбиени.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во овој момент Камарото посочува дека Борусија Дортмунд и Бенфика повторно се интересираат, како и некои клубови од Шпанија чии имиња засега не ги откри.

„Бенфика и Борусија Дортмунд се многу заинтересирани за Елмас. Летово ако повторно пристигне понуда од 25 милиони евра. Во Наполи ќе ја разгледаат и веројатно ќе ја прифатат“, порачува Камарото.

Елмас во Наполи дојде во летото 2019 година од Фенербахче за сума од 16 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

„Нема пари за кој би преминал во Јувентус – тоа би било чекор назад во мојата кариера“

Фудбалерот од редовите на Болоња, Рикардо Калафори е желба на Јувентус, меѓутоа тој сега и…