Дома Фудбал Англија Ако некој знае тогаш тој е сигурно еден од нив – Венгер за лошата форма на Санчез

Ако некој знае тогаш тој е сигурно еден од нив – Венгер за лошата форма на Санчез

sanchez

Ако некој е компетентен да зборува за Алексис Санчез, тогаш тоа е Арсен Венгер под чие водство Чилеанецот прикажуваше најдобри настапи во кариерата.

Санчез во минатиот зимски преоден рок пристигна во Манчестер Јунајтед како големо засилување, но ниту приближно не го оствари она што од него се очекуваше.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот поранешен менаџер на Арсенал смета дека знае поради што е тоа така.

„Силата на Алексис доаѓа до израс кога ќе ја превземе иницијативата и ќе тргна да дрибла кон голот на противникот. Таквите играчи како се најранливи кога ќе ја изгубат самодовербата, бидејќи неговата игра се базира токму на тоа. Тој ја изгуби самодовербата и сега тоа се чуствува на теренот“.

„На стартот од сезоната беше на високо ниво на физичка спремност, но веќе до тогаш имаше изгубено многу самодоверба. Сега секако е посвеж бидејќи Мурињо некое време го одмараше“, изјави Венгер.

Санчез за Јунајтед одигра 28 натпревари и постигна само четири гола што е и тоа како лош учинок за играч од негов калибар.

https://www.youtube.com/watch?v=rW4kR12UqbQ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо донел одлука: Го продава и вториот клуб кој го поседува

Легендарниот бразилски фудбалер Луис Назарио де Лима Роналдо јасно ставил до знаење дека ф…