Дома Фудбал Лига на шампиони Ако некој англиски клуб стигне до финалето во ЛШ ќе се соочи со проблем

Ако некој англиски клуб стигне до финалето во ЛШ ќе се соочи со проблем

На крајот ќе платат навивачите…

Европската фудбалска унија (УЕФА) соопшти денес дека финалистите од Лигата на шампионите ќе добијат по 17.000 влезници за своите навивачи, поради што постои загриженост кај англиските клубови кои во случај да дојдат до финалето нема да можат да обезбедат влез на стадионот за поголем број навивачи кои имаат годишни влезници.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


УЕФА наведе дека повеќе од половина влезници (34.000) од 63.000 колку што е капацитетот на стадионот на Атлетико ќе биде обезбедено за финалистите, 4.000 влезници ќе се најдат во продажба, а 25.000 ќе добијат локалните организатори, УЕФА и нејзините членови, комерцијалните партнери и луѓето коие ќе го вршат преносот.

Четири англиски клуб Тотенхем, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Ливерпул ќе бидат дел од утрешниот ждреб за четвртфиналето и постои можност некој од нив да стигне до финалето.

Тотенхем во осминафиналето беше подобар од германска Борусија Дортмунд, Манчестер Јунајтед го изненади Пари Сен Жермен и со пресврт во реваншот ги елиминираше „светците, Манчестер Сити беше убедлив против Шалке, додека Ливерпул последен вчера го победи Баерн во Минхен и така стана дел од најдобрите осум клуб во Европа оваа сезона.

Бидејќи сите тие клубови имаат продадено повеќе од 17.000 годишни влезници, некои од тие навивачи ќе останат без карти за финалето на 1-ви јуни во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…