Дома Фудбал Лига на шампиони Ако Мората утре постигне гол против Јувентус ќе слави само поради една причина

Ако Мората утре постигне гол против Јувентус ќе слави само поради една причина

Утре во Лигата на шампионите се игра еден од дерби натпреварите на осминафиналето – Јувентус му гостува на Атлетико Мадрид во првиот натпревар од двомечот помеѓу италијанскиот и шпанскиот клуб.

Во редовите на Атлетико Мадрид денес настапува Алваро Мората кој во својата кариера го носеше и дресот на Јувентус. Мората има голем респект кој својот поранешен клуб, меѓутоа на прашањето од новинарите дали ќе слави доколку погоди против Јувентус одговори потврдно.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Мората од самото потпишување за Атлетико не крие дека дресот на овој клуб го носи со голема љубов, а објави фотографија и од неговото детство на која е во дресот на „јорганџиите“.

Токму поради љубовта која ја има кон навивачите на шпанскиот напаѓач ќе слави доколку утре погоди против „старата дама“.

„Мојот прв погодок едноставно морам да го прославам пред оваа публика и проади тоа немам дилеми – ако утре погодам ќе славам. Тоа ќе биде само поради навивачите на Атлетико Мадрид. Ова се луѓето со кои растев, сега тука сум по втор плат и во мојата глава е само овој клуб. Ако погодам ќе славам заедно со сите останати“, откри Мората кој потоа зборуваше за очекувањата.

„Од „Ванда“ мораме да создадеме една моќна тврдина. Ова е наш дом и никој не смее да ни прави проблеми пред нашите гледачи. Нивни клучен играч е Кристиано, кај нас тоа е Гризман. Ќе се обидеме да го неутрализираме Роналдо, овој натпревар за сите во нашиот тим има важност како финале“, порача Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Љоренте го праша Де Роси уште колку има до крајот, тренерот на Рома урнебесно реагираше 🎥

Екипата на Рома вчера го елиминираше Милан и се пласираше во полуфиналето на Лигата на Евр…