Шпанскиот стратег Пеп Гвардиола даде интересен коментар на прашањето на новинар на „Беин Спорт“ кој очигледно го сметал Манчестер Сити за голем фаворит на гостински терен во Мадрид.
Реал Мадрид не блеска во Ла Лига, додека Манчестер Сити во последно време изгледа навистина моќно во Премиер лигата каде што има големи шанси да ја освои титулата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, вчера на „Бернабеу“, Сити не само што беше далеку од тоа да доминира на теренот, туку Реал беше и подобриот тим.
„Се очекуваше Сити да го прегази Реал поради формата, што би кажале за натпреварот?“, запраша новинарот на „Беин Спортс“.
„Кој очекуваше такво нешто? Знаете ли против кого играме? Знаете ли колку титули имаат тие во ЛШ? Ако сте очекувале да дојдеме тука и да победиме 6:0 тоа е ваш проблем, јас такво нешто никогаш не помислив“, одговори Гвардиола.