Барселона веќе сериозно размислува за „живот после Меси“, бидејќи се поголема е веројатноста Аргентинецот да си замине од „Камп Ноу“.
Договорот на Меси со Барселона истекува на крајот на сезоната и нема никакви најави за негово продолжување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меси уште минатото лето сакаше да ја промени средината, па најверојатно ќе замине ова лето, а како следна дестинација се споменува ПСЖ.
Во Барселона веќе размислуваат за наследник на Аргентинецот, а најголема желба е Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.
Норвешката гол-машина ова лето најверојатно ќе ја промени средината, но конкуренцијата за неговиот потпис е огромна.
Барселона е спремна да се ослободи од неколку фудбалери за да го финансира трансферот на Халанд, кој сигурно ќе биде околу 100 милиони евра.
Реал Мадрид и клубовите од Манчестер ќе и бидат најголеми конкуренти на Барса во трката за потписот на Халанд.