Дома Трансфер зона Ако Мбапе си замина, Покетино веќе избра замена

Ако Мбапе си замина, Покетино веќе избра замена

Маурисио Покетино знае кој фудбалер сака да го донесе во тимот, доколку Килијан Мбапе го напушти ПСЖ на лето.

Станува збор за ѕвездата на Тотенхем и еден од најдобрите напаѓачи во светот – Хари Кејн.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред неколку дена се појави информација дека Тотенхем ја поставил цената за Кејн и дека ќе го пушти ако некој клуб понуди 150 милиони фунти.

Доколку Мбапе замине, парите нема да бидат никаков проблем за „светците“ и веднаш ќе ја платат таа сума.

Хари Кејн е во одлични односи со Покетино и во неколку наврати изјави дека сака да игра во клуб кој ќе се бори за најголемите трофеи.

Во меѓувреме, се погласни се шпекулациите дека Мбапе на лето може да го напушти ПСЖ и да се пресели во Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…