Дома Трансфер зона „Ако Лукаку дојде во Барселона повеќе нема да гледам ниту еден нивни натпревар“

„Ако Лукаку дојде во Барселона повеќе нема да гледам ниту еден нивни натпревар“

Како што стојат работите Ромелу Лукаку со трансферот од Интер во Челзи направи чекор назад во кариерата, иако тоа можеби звучи чудно.

Лукаку се надеваше дека неговиот втор мандат на „Стенфорд Бриџ“ ќе биде многу подобар од првиот меѓутоа тоа не е случај. Белгиецот со месеци е надвор од форма, постигнува по некој гол, но факт е дека Томас Тухел не го користи во најважните натпревари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Навивачите на Челзи ги налутија и изјавите на Лукаку за Интер каде што не криеше дека би се вратил, но прашање е колку во Милано сакаат да го вратат. Во последните денови се појави информација дека за 28-годишниот фудбалер интерес покажала и Барселона која е во потрага по напаѓач.

Евентуалниот трансфер на Лукаку во Барселона го коментираше и поранешниот италијански фудбалер Антонио Касано.

„Заљубен сум во филозофијата на Барселона, но ако го доведат Лукаку повеќе нема да гледам ниту еден нивни натпревар. Па тој не успева да врзе три паса во Челзи каде што нема конкуренција, а во Барселона прават по 55 паса пред да дојдат до противничкиот гол. Навистина е гледам како би се снашол во тој систем“, изјави Касано.

Сезонава Лукаку иако беше платен цели 113 милиони евра во 40 натпревари има учинок од само 12 постигнати голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Една од легендите го напушта Реал Мадрид

Репрезентативецот на Шпанија, Хозе Луис Фернандес Иглесијас или познат како Начо на крајот…