Во ракометната Лига на Шампиони дојдовме на едно коло пред крајот на натпреварите од групната фаза, па така веќе може да се прават комбинации за паровите кои ќе се добијат во завршната фаза.
Меѓутоа она што е посебно интересно за тимот на Вардар кој го има обезбедено пласманот во следната фаза е што распоредот горе-долу многу потсетува на шампионската 2016/2017 кога црвено-црните се искачија на тронот на Европа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Она што е сигурно е дека Вардар групната фаза ќе ја заврши како второпласиран или третопласиран.
За Вардар да биде втор потребно е во сабота да запише победа против француски Монпелје, но и Веспрем да загуби во Кјелце така услововно кажано избраниците на Парондо би добиле полесен распоред. Доколку овие две комбинации (победа на Вардар, пораз на Веспрем) не се исполнат Вардар ќе заврши на третата позиција и во осминафиналето ќе оди на екипата која ќе заврши како шестопласирана во втората група.
Првото сценарио за Вардар и втората позиција во овој момент за Вардар изгледа повеќе реално. За очекување е црвено-црните да слават против Монплеје, а исто така се очекува и Кјелце кој е во серија од две победи да слави на домашен терен. Посебно затоа што со победа ќе игра најверојатно со Мотор Запоржје, а со пораз би играл против вицешампионот и тим на нашиот капитен Кире Лазаров.
Потоа, ако тоа се случи и Вардар веќе е втор ќе игра против подобриот од баражот помеѓу Спортинг и Динамо Букурешт. Без разлика кој ќе биде противник Вардар ќе биде фаворит, па наред би дошол многу веројатно Фленсбург.
За да игра против Фленсбург потребно овој тим да не загуби од Нант, а во осминафиналето да го победи Мешков Брест (најверојатно) што не е нешто нереално. Тука погодувате – се доаѓа до реприза на четвртфиналето од 2017 година – Вардар – Фленсбург! Потоа, останатите двојки би биле ПСЖ, Барселона и Веспрем истите клубови кои учествуваа на Ф4 2017 година.
Ова се само претпоставки, но се интересни податоци затоа што потсетуваат на една фантастична година за македонската спортска историја и сите посакуваме повторно црвено-црните да не израдуваат. Освен тоа третото место во групата е непожелно и затоа што во евентуално четвртфинале на Вардар му го носи силниот унгарски шампион ПИК Сегед.
Ние се надеваме на поволното сценарио и потсетување на шампионската година!