Дома Фудбал Останато Ако Барса и Роналдо пред 10 години го послушаа Чави денес се ќе беше поинаку

Ако Барса и Роналдо пред 10 години го послушаа Чави денес се ќе беше поинаку

Кристиано Роналдо со трансферот од редовите на Реал Мадрид во Јувентус го обележи летниот преоден рок.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Португалскиот фудбалер помина девет фантастични сезони во Мадрид, но одлучи дека е време за нов предизвик. Со неговото засминување сигурно дека шпанската Ла Лига нема да биде толку интересно, а посебно „Ел Класико“ кое повеќе нема да биде дуел помеѓу него и Меси.

Во шпанските медиуми денес се појави изјава на легендарниот фудбалер на Барселона, Чави Хернандез која тој ја даде пред десетина години. Тогаш играчот за врска на каталонскиот гигант го советуваше Роналдо кој го носеше дресот на Јунајде да дојде во Барселона.

„Сигурен сум дека би бил многу подобар играч доколку дојде во Барселона и игра со нас. Се гледа дека е одличен фудбалер и би сакал еден ден да дојде во Барса и да заиграм со него“, изјави тогаш Чави.

Сепак, неговата желба не се исполни бидејќи само една година подоцна Роналдо потпиша за големиот ривал на Барселона, Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шкендија на колена: Силекс го освои Купот на Македонија

Фудбалерите на Силекс триумфираа против Шкендија со 1-0 во финалето на Купот на Македонија…