Еден Азар скоро две години е член на Реа Мадрид, но не ја оправда сумата од 100 милиони евра која Реал ја плати за него.
Белгиецот на почетокот на јуни 2019 година беше претставен како ново засилување на „кралевите“ и навивачите од него имаа големи очекувања. Меѓутоа бројните повреди направија многу проблеми за Азар. Во неполни две сезони Азар имаше дури 11 повреди, а поранешниот фудбалер на Челзи Демијен Даф смета дека тоа е поради неспортскиот начин на живот кој го води.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Даф смета дека Азар никогаш не бил вистински професионалец.
„Има 30 години, има самодоверба во својот дрибилинг и искуство, но сите знаеме што следи после 30 години. Азар никогаш не бил професионалец. Никогаш не работел како Меси или Роналдо, ако тоа го правеше веројатно ќе беше рамо до рамо со нив. Го плаќаат толку пари, а тој доаѓа дебел во клубот“, изјави Даф.
Азар за Реал собра само 38 настапи и во овие неполни две години постигна четири гола.