Академија Пандев стана првиот македонски клуб кој ги продаде индивидуално ТВ правата на Спортклуб.
Шкендија и Академија Пандев го одбија колективниот договор со ФФМ, која телевизиските права од македонското првенство ги продава на „Арена Спорт“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Клубот од Струмица стана прв македонски клуб кој самостојно ги продаде своите телевизиски права на една куќа.
„На наше огромно задоволство објавуваме дека oд наскоро домашните натпревари на ФК Академија Пандев ќе се емитуваат во живо на регионалниот спортски телевизиски канал „Спорт Клуб“. ФК Академија Пандев е првиот фудбалски клуб во нашата држава кој самостојно ги продаде ТВ-правата на регионална телевизиска куќа. Договорот е веќе потпишан и важи за домашните куп и првенстевни натпревари за наредните три сезони, почнувајќи од тековната 2021/22, 2022/23 и 2023/24 сезона“, соопшти Академија Пандев.