Као и што беше претходно најавено, Академија Пандев не го промени своето име, но сега има додавка „Брера Струмица“, клубот од денес и официјално се вика – ФК Академија Пандев Брера Струмица.
Во објаснувањето за новото име, објавено е и новото лого, а за претседател е избран Горан Пандев.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„По купувањето на 90 одсто од акциите на ФК„ Академија Пандев“ АД од страна на „Брера Холдинг ПЛЦ“ , ја информираме јавноста дека нашиот клуб од денес се ребрендира како ФК „АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ БРЕРА СТРУМИЦА“ АД. Преименувањето е во согласност со позитивната законска регулатива во земајва, откако во Собранието на клубот влегоа новите акционери, при што беше е избран нов Одбор на директори а за претседател е назначен ГОРАН ПАНДЕВ.
Согласно веќе донесените акти, новата сопственичка структура одлучи новото име да биде спој на досегашното со името на новите инвеститори како и на градот Струмица како локација и место од кое произлегоа плејада на квалитетни фудбалери познати на домашната и меѓународна сцена. Како клуб во иднина ќе настапуваме со кратенката ФК „АП Брера Струмица“ а за комерцијална употреба „Брера Струмица“.
Освен името се менува и официјалното лого на клубот. Во новото се додаваат боите на инвеститорот Брера, грбот на општина Струмица а составен дел ќе биде и досегашниот аблем на клубот при што на латинично писмо ќе пишува Брера Струмица.
Мисијата на ФК ,, АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ БРЕРА СТРУМИЦА “ ќе биде градење на Фудбалски клуб според европските стандарди од организациски, стручен и комерцијален аспект. Фокусот ќе биде насочен кон градење на стабилен прв тим каде место ќе се даде на фудбалери од сопствените младински школи, инвестиции во младинските погони со организација и учество на силни турнири, подобра фудбалска инфраструктура, размена на искуства со познати европски фудбалски центри како и градење на квалитетни фудбалери со можност да бидат дел од големи фудбалски клубови во странство, но и соработка со сите останати фудбалски клубови од Струмица и Македонија“, соопштија од клубот.