Дома Трансфер зона Азар станува најскапото засилување во историјата на Реал Мадрид!

Азар станува најскапото засилување во историјата на Реал Мадрид!

Трансферот на Еден Азар во Реал Мадрид е само прашање на време, а медиумите ги открија сите финансиски детали од зделката.

Реал Мадрид ќе му плати на Челзи 130 милиони евра за Еден Азар, со што ќе го собори досегашниот клубски рекорд на трансфери.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Челзи, првично ќе треба да добие 113 милиони евра, а уште 17 милиони би можел да добие преку бонуси“, пишува британскиот „Сан“.

Мадриската „Марка“,пак, пишува дека е прашање на денови кога белгискиот репрезентативец ќе биде претставен во Мадрид, а доколку висината на трансферот е точна тогаш лондонскиот клуб од Азар ќе добие дури 95 милиони повеќе, отколку што пред седум години му платиле на Лил.

Досегашниот рекод за највисок трансфер на Реал Мадрид изнесуваше 100 милиони евра, сума која „кралевите“ ја платија за Герет Бејл.

Азар ќе потпише 4-годишен договор со Реал според кој неделно ќе заработува 400.000 фунти и ќе биде најплатен играл на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Салах ја прифати понудата од Саудиска Арабија

Мохамед Салах на крајот на сезоната готово сигурно ќе го напушти Ливерпул, тврдат медиумит…