Дома Фудбал Англија Азар со оваа изјава додатно ги разгоре шпекулациите за трансфер во Реал

Азар со оваа изјава додатно ги разгоре шпекулациите за трансфер во Реал

Ѕвездата на Челзи, Еден Азар не крие дека е голем фан на Зинедин Зидан, па со своите изјави додатни ги разгоре шпекулациите за негов трансфер во Реал Мадрид.

Не е тајна дека Реал го посакува Белгиевот во своите редови и ќе се обиде да го донесе на лето, а наводно веќе ја испратил и првата понуда. (ОВДЕ).


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Азар не пропушта шанса да му се додворува на Зидан и Реал Мадрид, па со тоа само додатно ги подгрева шпекулациите.

„Многу го почитувам Зидан. Тој отсекогаш бил мојот идол, благодарение на него почнав да играм фудбал. Тој имаше големо влијание врз мене во засакувањето на оваа игра“, призна Азар.

Белгискиот фудбалер ја отфрли можноста пред крајот на сезоната да потпише договор, зашто сака најпрво со Челзи да ја освои титулата во Лига Европа, па на лето ќе размислува за неговата иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …