Дома Фудбал Азар: Ситуацијата е деликатна, сакам да играм повеќе

Азар: Ситуацијата е деликатна, сакам да играм повеќе

Белгискиот репрезентативец, Еден Азар призна дека сака да има поголема минутажа во Реал Мадрид.

31-годишниот Белгиец одигра само 158 минути од почетокот на сезоната и призна дека ситуацијата е деликатна за него.

„Ситуацијата е деликатна бидејќи сакам да играм повеќе. Се чуствувам добро во Реал и знам што можам да покажам ако сум повеќе време на теренот. Имаше период во кој ситуацијата беше многу деликатна бидејќи јас сакав да играм, а тренерот не ме пушташе“, изјави Азар.

„Сакам да играм за да бидам во форма за Мундијалот. Ќе видиме што ќе одлучи селекторот, но јас сум најсреќен кога сум на теренот. Стариот Азар ќе се врати кога добие шанса да игра повеќе“, додаде Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…