Дома Фудбал Англија Азар откри каков е Мурињо кога победува, а каков кога губи

Азар откри каков е Мурињо кога победува, а каков кога губи

Еден Азар во разговор за медиумите се потсети како е да се соработува со Жозе Мурињо.

За време на ерата на Мурињо во Челзи се шпекулираше дека Еден Азар е еден од оние кои ја предводеле побуна против Португалецот, меѓутоа таквите гласини Белгиецот ги отфрли.

„Последната сезона со Мурињо во Челзи не беше пријатна. Не победувавме и не се забавувавме на тренинзите. Најдобро за сите беше што се разделивме. Но, ако ме прашате мене со кој тренер би сакал повторно да соработувам, би ви одговорил – Мурињо“.

„Кога не победувате, ги критикува играчите, тоа и вие го знаете. Но, јас се помирив со тоа. Меѓутоа кога победувате не можете да замислите подобар тренер од Мурињо. Тогаш тој ви е как одруга. Ако бараш еден слободен ден, ќе добиеш два…“.

Азар и Мурињо повторно ќе се сретнат на 20 октомври кога во рамките од деветото коло во Премиер лигата ќе играат Челзи и Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул размислува за разделба со Јереми Фримпонг

Ливерпул би можел да се раздели со Јереми Фримпонг поради слабата дефанзивна игра против М…