Дома Топ вести Азар: Ова е остварување на мојот сон (фото)

Азар: Ова е остварување на мојот сон (фото)

Еден Азар денес и официјално на спектакуларен начин беше претставен како нов играч на Реал Мадрид.

Најскапото засилување на „кралскиот“ клуб најпрво стави потпис на договорот, а потоа имаше кратко обраќање пред новинарите.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Здраво на сите. Мојот шпански се уште не е многу добар. Му благодарам на претседателот, на семејството. Многу сум среќен и амбициозен, едвај чекам да заиграм со овој дрес и да кренам многу трофеи“.

„Од дете сонувам да играм за Реал Мадрид и само сакам да се насладувам на овој момомент. Денес ми се оствари мојот сон. Ви благодарам на сите“, кратко изјави 28-годишниот Белгиец.

Потоа Азар го облече дресот на Реал Мадрид и излезе на „Сантиаго Бернабеу“ каде го чекаа повеќе од 50.000 фанови. Имаше свое шоу и ги израдува фановите со неколку потпишани топки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Анчелоти ќе комбинира со составот против Барселона?

Фудбалерите на Реал Мадрид во недела ја пречекуваат Барселона, а Карло Анчелоти размислува…