Дома Фудбал Азар: Ова е најлошата сезона во мојата кариера

Азар: Ова е најлошата сезона во мојата кариера

Ѕвездата на Реал Мадрид, Еден Азар изјави дека и покрај освојувањето на титулата во Примера, ова беше неговата најлоша сезона во кариерата.

„Сигурно е дека ја имав најлошата сезона во кариерата. Имаше повреди, се надевам дека следната сезона ќе биде подобра. Иако оваа година не беше одлична за мене, да дојдам овде и да ја земам титулата во првата сезона, едвај можев да посакам нешто подобро. Ја освоивме титулата како тим, а на индивидуално ниво, навистина имав најлоши моменти во мојата кариера“, изјави Белгиецот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тој се уште не е 100% подготвен за игра, па нема да игра против Леганес на последниот натпревар во Ла Лига.

„Беше чудна сезона,  многу работи се случија. На крајот, испадна добро, но мислам дека би можело да биде подобро ако го елиминираме Манчестер Сити во Лигата на шампионите. Следниот трофеј е тој од ЛШ, иако знам дека ќе биде тешко да се постигне, затоа што играме против Сити, кој има предност од првиот меч од 2:1 и се многу добар тим“, додаде Азар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Морати го вмеша „Калчополи“ и предизвика бурни реакции со изјавата за Јувентус и титулата на Интер

Помеѓу фановите на Интер владее еуфорично расположение откако овој тим со победата во град…