Дома Фудбал Англија Азар: Не ме интересираат коментарите на Сари, јас сум лидер!

Азар: Не ме интересираат коментарите на Сари, јас сум лидер!

Белгискиот репрезентативец и прва ѕвезда на Челзи, Еден Азар после вчерашниот натпревар против Тотенхем му одговори на тренерот Маурицио Сари.

Италијанскиот тренер изјави дека Азар е фантастичен фудбалер, но дека е индивидуален и не е лидер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Да бидам искрен не ме интересира што кажал тренерот. Јас едноставно го играм својот фудбал, фокусиран сум на тимот и го давам најдоброто од себе“, истакна Азар.

„Секогаш сум тврдел дека на теренот сум лидер. Мислам дека сум лидер на овој тим“, заклучи Белгиецот.

Челзи синоќа го порази Тотенхем и се пласираше во финалето на Лига Купот, а Азар беше избран за играч на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…