Капитенот на белгиската репезентација, Еден Азар ги демантираше тврдењата дека имало голема расправија во соблекувалната и за малку не дошло до физичка пресметка.
„Ништо големо не се случи по Мароко. Имавме добар разговор каде што кажавме секакви работи. Сега сакаме да ја победиме Хрватска. Имаме два дена да се подготвиме. Рековме дека мора да играме подобро. Има големи очекувања, но не ги исполнивме. Ќе се обидеме да го покажеме тоа на следниот меч“, изјави Азар.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Не, не се расправав со Вертонген во соблекувалната по Мароко. Никогаш не би се судрил со него бидејќи е многу повисок од мене. Реков само дека нашите дефанзивци се премногу бавни, а тој се согласи со тоа“, додаде Азар.