Дома Фудбал Азар на некои играчи им носи проблеми во Реал: Знам дека сега потешко ќе играм

Азар на некои играчи им носи проблеми во Реал: Знам дека сега потешко ќе играм

Откако со месеци се пишуваше за тоа Реал Мадрид конечно успеа да го доведе Еден Азар од Челзи за 100 милиони евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако многумина со голема желба го исчекуваа доаѓањето на одличниот Белгиец на „Сантијаго Бернабеу“ постојат и такви на кои Азар ќе им ги расипе плановите.

Таков е Винисус Жуниор кој е свесен дека доаѓањето на Азар ги ограничува неговите минути во Реал следната сезона, но сепак тој најави дека ќе продолжи да се бори за своето место.

„Знам дека ќе биде тешко да играм откако дојде Азар. Но тоа не е проблем за мене, се зависи од Зидан“, изјави Бразилецот.

Винисус минатото лето дојде во Реал од Фламенго за сума од 45 милиони евра и за кратко време започна да прикажува одлични настапи, но повредата поради која се врати на крајот од сезоната го спречи да добие дополнителни минути.

„Кога пристигнав бев целосно поинаков играч. Многу научив од секој тренер во Реал. Тактичко се развив и помалку ја губам топката, играм по смирено“, порача младиот Бразилец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо ја изненади ѕвездата на Реал: Залудно ќе останеш, нема да играш

Жозе Мурињо реши да ѝ се „закани“ на голема ѕвезда на Реал Мадрид, но таа сепак не планира…