Дома Фудбал Азар: Најверојатно ќе си заминам на лето

Азар: Најверојатно ќе си заминам на лето

Еден Азар даде интервју за шпанска „Марка“ пред почетокот на Мундијалот во Катар и најави заминување од Реал Мадрид.

Азар беше отворен и искрен и кажа дека на лето би можел да замине од клубот, но исто така ја отфрли можноста дека тоа ќе го направи во јануари.

„Среќен сум што играм фудбал во најдобрата екипа во светот. Не само затоа што играм за Реал Мадрид, туку затоа што играм фудбал. Нема да заминам во јануари затоа што имам семејство и ми се допаѓа градот, но најверојатно ќе заминам на лето“, вели Азар.

Белгиецот кажа дека променил многу животни навики, а дел од нив и со исхраната бидејќи во минатото имаше проблеми со вишок килограми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер јунајтед плати 70.000.000 фунти за да доведе играч од средниот ред!

Манчестер јунајтед заврши со ангажманот што Мајкл Керик толку го посакуваше во текот на ле…