Големата ѕвезда на Челзи, Еден Азар одбива да потпише нов договор со „сините“ се додека не види какви амбиции ќе покажат „сините“ на трансфер пазарот ова лето.
Белгиецот има договор со Челзи до 2020 година, но се уште не ставил потпис на новиот договор, а за него силен интерес покажува Реал Мадрид.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ова е лоша сезона, далеку сме од врвот, а не се пласиравме ни во Лига на шампиони. Јасно е дека ни се потребни многу квалитетни засилувања за да се бориме за врвот. Клубот мора да се концентрира на тоа во наредниот период“, јасен беше Азар.
Челзи му нуди нов договор на Белгиецот „тежок“ 18 милиони евра по сезона, но Азар нема да стави потпис се додека не ги види амбициите на клубот и како ќе биде одработен летниот трансфер период.
Тој нема проблем што „сините“ нема да играат во Лига на шампиони следната сезона, но сака да игра во тим кој ќе биде конкурентен за титулата.