Дома Фудбал Останато Азар има проблем во карантинот – како да не јаде?!

Азар има проблем во карантинот – како да не јаде?!

Еден Азар пред почетокот на оваа сезона одлучи да го напушти Челзи и кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид.

Белгиецот не се прикажа во најдобро светло бидејќи повредите го спречија да покаже поради што стигна на „Бернабеу“. Азар и понатаму е надвор од теренот и сигурно дека овој прекин на првенството него му одговара бидејќи ќе биде спремен кога сезоната ќе продолжи.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Но, од друга страна има нов предизвик, а тоа е како да ослабе. Азар имаше проблем со вишокот на килограми кога стигна во Реал, тоа сепак брзо го реши.

Меѓутоа призна дека сега карантинот дополнително му ја отежнува работата со храната.

„Комплицирано е за мене. Се обидувам да не јадам многу. Ги избегнувам работите од кои можам да се здебелам, а кои ги сакам. Навистина е тешко да се издржи, но го давам својот максимум“, порача Азар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Се појави изненадувачки фаворит за клупата на Баерн Минхен

Aктуелниот селектор на репрезентацијата на Австрија, Ралф Рагник изненадувачки е новиот фа…