Дома Фудбал Лига на шампиони Азар за Барселона: Во своите редови имаат фудбалер кој не е од оваа планета

Азар за Барселона: Во своите редови имаат фудбалер кој не е од оваа планета

Се наближува натпреварот помеѓу Барселона и Челси во Лигата на шампионите, а пред овој натпревар за медиумите зборуваше ѕвездата на „сините“ Еден Азар.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Помеѓу другото Азар за евентуалното преминување во Реал Мадрид одгобори дека се е можно, а и го пофали најдобриот фудбалер на Барселона Лионел Меси.

„Во фудбалот никогаш не можете да знаете. Се сеќавам кога пред 10 години Зидан прв пат зборуваше за мене. Навистина е неверојатно. Како дете тој беше еден од моите идоли, гледав негови видео клипови, а сега е тренер на еден од најголемите клубови во светот“, изјави Азар.

Потоа новинарите му поставија прашање за Барселона и заминувањето на Нејмар.

„Знаете, Барса во свите редови има фудбалер кој не е од оваа планета, тој е поинаков, тој е суперкласа. Но, фудбалот е тимска игра и се надевам дека ќе успееме да ги запреме“, одговори Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Хаос во Сантош: Нејмар го удри синот на легендата, веќе бараат раскин на договорот

Во бразилскиот фудбал настана голема контроверзија по инцидентот на тренинг кој ги вклучув…