Дома Фудбал Англија Азар жестоко го „пецна“ Тотенхем!

Азар жестоко го „пецна“ Тотенхем!

Ѕвездата на Челзи Еден Азар не пропушти шанса да го „пецне“ Тотенхем.

„Сините“ оваа сезона се борат за пласман во Топ 4 во Премиер лигата, а Тотенхем им е најсериозен ривал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Мислам дека во последните две-три години Тотенхем е меѓу најдобрите тимови во Англија. Тоа е добро за Премиер лигата, имаат нов стадион, големи играчи. Но, на крајот на краиштата ние сме Челзи и освојуваме трофеи, а тие не освојуваат ништо. Се надевам тоа да продолжи така“, изјави Азар.

„Ние се бориме за Топ 4 и мислиме меч за меч. Ни престојат тешки натпревари против Ливерпул и Манчестер Јунајтед, но ние сме секогаш во топ форма кога е најпотребно. Се наоѓаме пред голем предизвик и спремни сме да се исправиме пред него, ќе се обидеме да ги победиме конкурентите за да се пласираме во Топ 4 на крајот на сезоната“, додаде Белгиецот.

Азар имаше само пофални зборови за младата ѕвезда на Челзи, Ходсон Одој, кој е вистинско откритие оваа сезона.

„Јас сум секогаш тука ако му треба совет, но сметам дека тој веќе е голем играч. Не сум изненаден. Уште од првиот ден откако почна да тренира со нас тој покажа класа и неверојатен талент. Игра со голема самодоверба и му претстои блескава иднина“, заклучи Азар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал приреди епски пресврт и повторно е во финале🎥

Реал Мадрид се пласираше во финалето од Лигата на шампиони, откако после драма го победи Б…