Реал Мадрид сака ова лето да се ослободи од Еден Азар, но тоа нема да оди лесно.
Клубот веќе започнал преговори за спогодбен раскин на договорот со фудбалерот за кого платија 115 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Белгиецот не е во плановите на Карло Анчелоти и во интерес на сите е да си замине, бидејќи се покажа како најголемо промашување во историјата.
Меѓутоа, фудбалерот нема немера да замине од Мадрид и планира во целост да го одработи договорот со трајност од јуни 2024.
Причина за тоа е што не постои интерес за Белгиецот од големите европски клубови, притоа неговото семејство се чувствува одлично во Мадрид и не сака да замине.
🎙️ Eden Hazard: “Stay for my last year of contract? Yes, clearly.” pic.twitter.com/RD0a2MISZR
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 7, 2023