Дома Фудбал Азар го шокира Реал Мадрид, не сака да замине

Азар го шокира Реал Мадрид, не сака да замине

Реал Мадрид сака ова лето да се ослободи од Еден Азар, но тоа нема да оди лесно.

 Клубот веќе започнал преговори за спогодбен раскин на договорот со фудбалерот за кого платија 115 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгиецот не е во плановите на Карло Анчелоти и во интерес на сите е да си замине.

Азар требаше да биде голема ѕвезда во Мадрид, но место тоа се покажа како една од најлошите инвестиции во историјата на „кралевите“.

Меѓутоа, фудбалерот нема немера да замине од Мадрид и планира во целост да го одработи договорот со трајност од јуни 2024.

Причина за тоа е што не постои интерес за Белгиецот од големите европски клубови, притоа неговото семејство се чувствува одлично во Мадрид и не сака да замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новинар се обиде да го испровоцира Мбапе: Погледнете ја неговата реакција

На фудбалерите на Пари Сен Жермен и вчера беа елиминирани од Борусија Дортмунд во полуфина…