Дома Фудбал Азар го пропушта Суперкупот на Шпанија

Азар го пропушта Суперкупот на Шпанија

Најскапото летно засилување на Реал Мадрид, Един Азар нема да може да им помогне на „кралевите“ во Суперкупот на Шпанија.

Закрепнувањето на Белгиецот оди според планот, но нема да може да се опорави за натпреварите од шпанскиот Суперкуп.

Азар веќе еден месец е надвор од терените откако се повреди на мечот со ПСЖ, и уште нема започнато да тренира со тимот. Шпанскиот Суперкуп ќе се игра во Саудиска Арабија и почнува на 8 јануари, но Зидан не сака да ризикува со Аз

Сега целта е Азар да се опорави до крајот на јануари или на почетокот на февруари, токму на време за градското дерби со Атлетико и за пресметките со Манчестер Сити во Лигата на шампиони, како и за Ел Класико против Барселона на 1 март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зидан задоволен по првиот натпревар: „Имаше многу емоции, го одигравме натпреварот што ни требаше“

Зинедин Зидан не го криеше задоволството по првиот натпревар, истакнувајќи дека неговиот т…