Дома Фудбал Азар го избрал бројот во Реал Мадрид!

Азар го избрал бројот во Реал Мадрид!

Како што тврдат шпанските „Марка“ и „АС“ Еден Азар одлучил кој број ќе го носи во Реал Мадрид.

Азар го сакаше дресот со број 10 кој го носеше во Челзи, но Лука Модриќ не му го отстапи, па Белгиецот мораше да побара друго решение.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


На крајот се одлучил за бројот 23, иако се уште нема официјална потврда. Зошто 23? Овој број е многу популарен кај кошаркарите, а Еден е познат како голем НБА фан.

Го носеше Мајкл Џордан, Леброн Џејмс…Од славните фудбалери на својот грб го имаше Дејвид Бекам.

Во Реал Серхио Регулион минатата сезона го носеше тој број, но Регулион Реал го испрати на позајмица во Севиља и сега 23-та е слободна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн преку Арсенал до полуфинале🎥

Баерн Минхен обезбеди полуфинале во Лигата на шампиони откако со минимални 1:0 славеше про…