Дома Фудбал АЕК oбјави фотографија од убиениот навивач

АЕК oбјави фотографија од убиениот навивач

Грчки навивач на АЕК беше убиен во жестока пресметка со навивачите на Динамо Загреб пред натпреварот кој требаше да се игра вечерва, но УЕФА го одложи.

Според информациите на грчките медиуми, брзата помош го пренела 29-годишниот навивач во болница каде што докторите се бореле да му го спасат животот. Покрај него имало уште неколку повредени навивачи кои биле во исчекување, а на крајот им биле соопштени лошите вести.

АЕК на своите официјални профили постави темна фотографија во спомен на убиениот Михил, а објавија и негова фотографија со порака:

„Михаил, АЕК никогаш нема да те заборави, бараме максимална казна за убијците“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар бара одговор во одбраната, Диабате сè уште чека доверба

Отсуството на Филип Најдовски не му отвори место на Сирику Диабате против Струга. По два п…