Дома Фудбал Англија Адутот на „Црвените ѓаволи“ го знае клучот пред најголемото дерби во Премиер лигата

Адутот на „Црвените ѓаволи“ го знае клучот пред најголемото дерби во Премиер лигата

Судејќи по зборовите на Немања Матиќ, клучот на успехот во дуелот против Ливерпул ќе бидат трпението и концентрацијата.

„И најмала грешка може да биде скапо платена, така што најважно ќе биде да бидеме сконцентрирани во текот на целиот меч“, истакна српскиот интернационалец.

Тој најголемото англиско дерби го дочекува во добро расположение, со оглед на тоа дека со својата селекција пред неколку дена го обезбедија пласманот на Мундијалот во Русија.

Дуелот помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед на „Енфилд“ ќе го отвори осмото коло во ПЛ, а почетокот е закажан за 13:30.

„Црвените ѓаволи“ во пресрет на дербито ја делат лидерската позиција со градскиот ривал Манчестер Сити, а имаат седум бодови повеќе од својот најголем ривал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бомба од Минхен: Баерн ја следи ситуацијата во Манчестер Сити и во јануари тргнува по една од ѕвездите?

Манчестер Сити се најде во големи проблеми по пресудата во случајот кој веќе со години го …