Дома Македонски спорт Адеми: Супер е што завршивме први ама нема време за славење

Адеми: Супер е што завршивме први ама нема време за славење

Тимот на Динамо вчера со победата на гости против Феенорд обезбеди место во нокаут фазата од Лигата на Европа.

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми одигра фантастичен натпревар и учествуваше во двата гола на Динамо. Треба да се спомене и дека со овој настап Адеми стана рекордер по бројот на европски настапи за Динамо.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


По натпреварот Адеми порача дека ова секако е успех, но дека нема време за славење затоа што ги чека меч со Славен Белупо во недела.

„Немаме време да славиме, во недела не чека Славен Белупо, па ЦСКА Москва, па Ријека. Распоредот е навистина тежок, ќе има време и за славење. Тоа што завршивме први е супер, за ждрепката не размислуваме и немаме некои желби. Неверојатно ми делува податокот дека се уште не сме примиле гол во Лига Европа“, изјави Адеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Баерн има план: Го сака Зидан за тренер, во Минхен може да се врати и клупската легенда!

Баерн Минхен е во потрага по нов тренер бидејќи Томас Тухел заминува на крајот од сезоната…