Македонскиот фудбалер Арјан Адеми во претходниот период се поврзуваше со трансфер во Бетис и Монако, меѓутоа од неговото заминување нема да има ништо.
Адеми сега јавно порача дека не сака да го напушти Динамо и покрај понудите кои ги имал. Тој потврди дека постоела понуда од Бетис, меѓутоа негова желба сега е да стане легенда на Динамо или како што кажа тој „Тоти на Динамо“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, Адеми призна и дека на почетокот му било криво.
„На почетокот ми беше криво што го одбив Динамо, но сега не. Сега гледам поинаку, сакам да бидам Тоти на мојот Динамо“, порача Адеми и со тоа стави крај на сите шпекулации околу неговата иднина.