Фудбалерите на Шкупи после три гостински натпревари ќе играат натпревар на свој терен во ПМФЛ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пред чаирчани е домашен натпревар против струмичка Беласица која е во добра форма во последно време. Крилниот напаѓач на Шкупи, Илирид Адеми најави дека неговиот тим утре ќе им се врати на победите.
„ Во трите тешки гостувања не загубивме ниту еднаш. Конечно се враќаме дома, ќе ја пречекаме екипата на Беласица. Сметам дека токму на овој дуел ќе им се вратиме на победите во ПМФЛ и ќе се доближиме поблиску до врвот на табелата во шампионатот“, изјави Адеми за официјалната веб-страница на клубот