Дома Топ вести Адеми прави трансфер на кариерата – се сели во Франција

Адеми прави трансфер на кариерата – се сели во Франција

Македонскиот репрезентативец и член на Динамо Загреб, Аријан Адеми во последниот ден од преодниот рок најверојатно сепак ќе заврши во францускиот шампионат.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено, раководството на Лил е сериозно заинтересирани за услугите на Адеми и во текот на вчерашниот ден испрати понуда од 7,5 милиони евра. Хрватските медиуми пренесуваат дека Динамо е спремен да ја прифати понудата па многу е веројатно Македонецот во текот на денешниот ден да го комплетира трансферот.

Динамо најпрво одбил две понуди, но Лил не се откажал и ја зголемил понудата на 6,5 милиони евра плус 1 милион како бонуси, што ќе ги задоволи апетитите на хрватскиот клуб.

27-годишниот македонски репрезентативец цели 8 години е член на Динамо Загреб, и токму денес би можел да го напушти „Максимир“ и да се пресели во Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…