Дома Фудбал Лига на шампиони Адеми и Ристовски слават, Челзи падна во Загреб🎥

Адеми и Ристовски слават, Челзи падна во Загреб🎥

Уште на самиот старт го видовме првото големо изненадување во Лигата на шампиони, Динамо Загреб го победи фаворизираниот Челзи со 1:0.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Адеми и Ристовски се во стартниот состав, Челзи почна офанзивно, а Динамо после една контра дојде до водство во 12-та минута преку Орсиќ.

Домаќините изведоа контранапад како од учебник, Орсиќ на одличен начин го матираше Кепа, што се покажа како клучно за голема победа на домаќините.

Челзи во вториот дел се обидуваше со сите сили да дојде барем до израмнување, но Динамо играше агресивно и се закануваше преку контранапади.

Најзрелата шанса за Челзи ја имаше Фофана во 80-та минута, кога прво ја погоди стативата, а потоа голманот на домаќините одбрани одлично за историска победа на хрватскиот тим.

Во вториот натпревар од овој термин Борусија Дортмунд ја оправда фаворитската улога и без поголеми проблеми слабеше над Копенхаген  со 3:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Нема повеќе дилеми: Арбелоa потврди крај за две ѕвезди на Реал Мадрид

Реал Мадрид синоќа го победи Севилја на гостување со 1:0, во натпревар без резултатско зна…