Дома Фудбал Лига на шампиони Адеми: Игравме добро, а потоа примивме глупав гол

Адеми: Игравме добро, а потоа примивме глупав гол

Aдеми и Динамо Загреб не успеаа да се пласираат во нокаут фазата од Лигата на шампионите откако вчера беа поразени од Манчестер Сити со 1:4.

Динамо тргна добро, Олмо погоди за одство, а Сити изедначи со еден гол на Габриел Хесус кој крена многу прашина. Играчите на Манчестер Сити не ја исфрлија топката додека двајца играчи на Динамо лежеа на теренот и ја погодија мрежата. Адеми беше најжесток во протестите кај судијата и во оваа ситуација доби и жолт картон.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Тешко е што испаднавме, но среќен сум што сум дел од еден ваков тим кој е составен од одлична група на луѓе. На почетокот игравме добро, не им остававме многу простори, но потоа примивме еден глупав гол додека двајца играчи ни лежеа на теренот. Штета е што не продолжуваме понатаму, но знаеме дека сите дадовме се од себе. Веројатно најмногу треба да жалиме за тие два бода против Шахтјор дома“, изјави Адеми.

Ќе потсетиме, во тој натпревар Динамо водеше со 3:1, но примија два гола во судиското продолжение и натпреварот заврши 3:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Шкупи доби нов генерален директор

Ајкут Туран официјално презеде функцијата генерален директор – извршен директор на фудбалс…