Шпанскиот репрезентативец Адама Траоре е спремен да го напушти Вулверхемптон, тврдат англиските медиуми.
24-годишниот Траоре е продукт на школата на Барселона, а покажува одлични партии во дресот на Вулверхемптон и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Минатото лето за него понуди испратија Јувентус и Манчестер Јунајтед, на Шпанецот сепак реши да му остане верен на „волците“.
Траоре не е задоволен од тоа како се одвиваат работите во неговиот клуб, па е спремен наскоро да ја промени средината.
Покрај споменатите клубови интерес за неговиот потпис покажуваат уште Манчестер Сити и Ливерпул.