Дома Фудбал Останато Агуеро за заминувањето на Меси: Мислев дека е хакерски напад

Агуеро за заминувањето на Меси: Мислев дека е хакерски напад

Поранешниот аргентински фудбалер Серхио Агуеро изјави дека не можел да поверува кога слушнал дека фудбалерот Лионел Меси ќе ја напушти Барселона, прво мислел дека тоа е шега и дека станува збор за хакерски напад на социјалните мрежи на каталонскиот гигант.

Агуеро потпиша за Барселона минатиот јуни откако му истече договорот со Манчестер Сити со надеж дека ќе игра заедно со сонародникот Лионел Меси. Сепак, неколку недели подоцна беше објавено дека Меси заминува од Камп Ноу, што го шокирало Агуеро.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


После тоа, тој одигра само пет натпревари за шпанскиот клуб бидејќи мораше да ја заврши кариерата поради проблеми со срцето.

„Кога се случи таа ситуација со Лео, помислив дека можеби некој ги хакнал профилите на социјалните мрежи на Барселона. Мислев дека е шега. Бев со еден пријател, тој ги погледна вестите на телефонот и рече: „Невозможно. Дали е ова вистина?’ Ми го покажа соопштението на Барселона“, изјави Агуеро за шпанските медиуми.

„Одговорив: „Ибаи, другар, тоа е невозможно“. Очекував дека станува збор за хакерски напад, но како што одминуваше времето и соопштението се уште стоеше ми стануваше јасно дека не е шега, ниту хакерски напад“, раскажа Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Влаховиќ ќе „слета“ во Англија и ќе се бори за титула во Премиер лигата

Како што пренесуваат англиските медиуми, во јануари повторно ќе бидат почнати преговори од…