Дома Трансфер зона Агуеро го советува Кејн: Реал е вистинскиот клуб за тебе!

Агуеро го советува Кејн: Реал е вистинскиот клуб за тебе!

Англискиот напаѓач Хари Кејн и оваа сезона пружа фантастични партии во дресот на Тотенхем, па го привлече вниманието на многу европски гиганти, меѓу кои и Реал Мадрид.

„Кралевите“ бараат замена за Карим Бензема, кој оваа сезона не игра на потребното ново, па раководството на Реал смета дека Кејн е идеално решение.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во екот на шпекулациите за неговиот евентуален трансфер на „Сантиаго Бернабеу“ се огласи и Серхио Агуеро, кој се одлучи да го советува напаѓачот каде да ја продолжи кариерата.

Аргентинецот верува дека Реал е вистинскиот клуб за Кејн и дека со трансфер на „Бернабеу“ ќе направи вистински потег.

„Вистина е дека играч со неговите квалитети не би имал проблем да игра во така голем клуб како што е Реал Мадрид. Верувам дека тоа е вистинскиот клуб за него. Никој не знае што Кејн мисли и што ќе одлучи. Но, тоа не е мој проблем, туку негов“, изјави Агуеро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го враќа Верати во Европа

Приоритет на Каталонците во летниот преоден рок ќе биде доведување на квалитетен играч за …