Дома Трансфер зона Агуеро во Серија А за 93 милиони

Агуеро во Серија А за 93 милиони

Минатото лето Јувентус за 94 милиони евра го донесе Гонзало Игуаин, а Интер следното лето спрема одговор и за истата таа сума сака да ја донесе ѕвездата на Манчестер Сити.

Имено, Серхио Агуеро не е задоволен од својот статус во тимот и после шест години би можел да го напушти Манчестер Сити, а негова следна дестинација најверојатно ќе биде Серија А.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер во летниот преоден рок сака да направи „бум“ на трансфер пазарот и ќе има огромен буџет, а Агуеро е првата трансфер цел на новите сопственици.

Медиумите на Апенините тврдат дека Интер е спремен да плати 93 милиони евра, сума која „граѓаните“ ја одредија како минимум за да го пуштат Аргентинецот.

Најголем проблем за „нероаѕурите“ ќе биде конкуренцијата, бидејќи за Агуеро силен интерес покажуваат уште и Реал Мадрид и ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона пронајде засилување во Баерн, спремна да плати 70 милиони евра?

Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, …