Месут Озил е надвор од плановите на Арсенал и последниот натпревар за „топџиите“ го одигра уште во март.
Тренерот Артета реши да не го пријави Озил во тимот за Премиер лигата оваа сезона и јасно му порача дека не смета на него.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа, Германецот одби да го напушти клубот бидејќи не сакаше да се откаже од својата висока плата која ја добива на „Емирати“.
Еркут Согут, агентот на Месут Озил, изјави дека фудбалерот нема намера да ги напушти „топџиите“ ниту во зимскиот преоден рок.
„Срамота е што Месут не игра за Арсенал. Да, секој зборува за неговата голема плата, и јас разбирам зошто, но тука гледам неправедност, со оглед на креативноста и талентот на Озил. Многу екипи сакаат да го имаат во својот тим, но тој го почитува договорот и сака да игра за Арсенал. Месут е човек од збор, таквата лојалност ретко се среќава каде било овие времиња“, истакна Согут.