Дома Трансфер зона Агентот потврди: Интер и Милан го сакаат Бираги!

Агентот потврди: Интер и Милан го сакаат Бираги!

Левиот бек на Фиорентина и италијански репрезентативец Кристиано Бираги со своите одлични партии го привлече вниманието на миланските гиганти Интер и Милан.

Бираги е производ на академијата на Интер кој сега покажува сериозен интерес да го врати во своите редови. „Нероазѕурите“ спремаат понуда во зимскиот преоден рок, но агентот потврди дека интерес за играчот покажува и Милан.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Бираги беше млад и не беше спремен кога беше дел од Интер. Тој е фан на „нероаѕурите“ и од клубот имаат голем респект кон него. Интерес за играчот покажува и Милан. Пред извесно време добив повик од „росонерите“. Во моментов е сконцентриран целосно на Фиорентина, но не исклучувам трансфер во Милано“, изјави агентот на Бираги.

Бираги пред два дена го постигна победоносниот гол за Италија на гостувањето во Полска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…