Дома Топ вести Агентот потврдил – Барса добива големо засилување БЕЗ отштета!

Агентот потврдил – Барса добива големо засилување БЕЗ отштета!

bartomeu

„Мундо Депортиво“ пренесува фантастична вест за навивачите на Барселона.

Наводно, големата ѕвезда на Шалке, Леон Горецка одлучил да го напушти клубот, а за негова наредна дестинација ја избрал Барселона, пренесува споменатиот медиум со напомена дека оваа вест ја соопштил менаџерот на фудбалерот Јерг Нојбаер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентативецот на Германија кој е по потекло од Бохум оваа сезона влезе во последната година од договорот со Шалке, но сеуште не го продолжил договорот. Во клубот од Гелзенкирхен сакаа да ја продолжат соработката со својот најдобар фудбалер, сепак доколку се точни информациите кои доаѓаат од Шпанија веројатно ќе се согласат да го продадат во јануарскиот преоден рок.

Сепак, прашање е дали Барселона ќе сака да плаќа во јануари, бидејќи би можеле да почекаат до летниот преоден рок кога Горецка би го добиле без никаква оштета.

Единствен услов според кој би можел Горецка да размисли за останување во клубот е Шалке да се пласира во Лигата на шампионите, сепак и во тој случај ситуацијата би била неизвесна.

Во овој момент се наведува на тоа дека Барселона веќе има договорено фантастично засилување.

gorecka

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…