Aгентот на Сандро Тонали, Џузепе Рисо зборуваше за трансферот на фудбалерот од Милан во Њукасл.
Тонали и се расплака кога дознал за заминувањето од Милан (ТУКА), но Рисо потенцира дека ова било понуда која не може да се одбие.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Тешко е да одбиете така голема понуда, тешко е и за играчот и за клубовите. Тонали ги договори сите услови и двата клуба го финализираа трансферот. Неговиот договор ќе биде во трајност од шест години. Станува збор за одличен договор, Њукасл е перфеткен тим за Тонали и го сакаше како клучен играч по секоја цена“, изјави Рисо.
Покрај Милан корист од трансферот ќе има и Бреша бидејќи имаат намалување на таксата за продажба како дел од нивната првична продажба на Милан за 19,5 милиони евра во 2020 година.