ПСЖ е сериозно заинтересиран за Виктор Осимен и веќе почнал да работи на трансферот на ѕвездата на Наполи.
Осимен оваа сезона се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи во Европа и му ја донесе титулата на Наполи. ПСЖ веќе имал средба со неговиот агент, кој моментално се наоѓа во Париз.
Според информациите претставниците на ПСЖ договориле најголем дел од условите на фудбалерот со неговиот менаџер и наскоро можат да започнат преговорите околу трансфер.
Наполи нема да му стои на патот, но за неговата слобода бара 150 милиони евра.