Според последните инфорамции Интер ја одбил понудата од Тотенхем вредна 60 милиони фунти.
Британски „Тајмс“ денес објави дека Интер ќе го продаде Лаутаро Мартинез на Тотенхем, а тоа изгледаше како тешка операција затоа што и Лукаку е пред трансфер во Челзи. Би било премногу за „нероаѕурите“ да остана без Лукаку и Лаутаро, а ќе потсетиме претходно замина Хакими.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа навивачите на Интер, барем кога е Лаутаро во прашање можат да бидат мирни. Неговиот агент порача дека тој е среќен во Интер.
„Лаутаро е среќен во Интер и Италија. Неговата одлука е да остане“, гласи коментарот на агентот на напаѓачот.